29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврообврзницата ги зголеми девизните резерви – НБРМ чува 2.7 милијарди евра!

Еврообврзницата ги зголеми девизните резерви – НБРМ чува 2.7 милијарди евра!

fot

Зголемени девизните резерви. Народната Банка (НБРМ) чувала 2 милијарди и 729 милиони евра заклучно со крајот на октомври годинава што е за дури 541 милион евра повеќе од истиот месец лани. Ова пред сè се должи на парите од еврообврзницата.

Откако беше издадена еврообврзницата запре „топењето“ на резервите, кое траеше од март до јуни поради, а кое беше предизвикано од шпекулациите за можна девалвација и за наводна несигурност на заштедите поради што Народната Банка мораше да интервенира на девизниот пазар.

Советот на НБРМ оценува дека девизните резерви се во сигурната зона и очекува тие да продолжат да растат и во следната година.

„Последните остварувања укажуваат на задржување слична макроекономска слика, со прилично солиден економски раст, отсуство на ценовни притисоци и платнобилансна позиција којашто обезбедува одржување на девизните резерви на соодветното ниво. Оттука, Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на нејзините цели“, заклучи НБРМ на минатонеделната седница.

Според последните податоци најголем дел од девизните резерви се во хартии од вредност (2 милијарди 154 милиони и 100 илјади евра), потоа валути и депозити (312 милиони и 100 илјади евра), монетарно злато (258 милиони евра).

Девизните резерви освен во евра и американски долари се чуваат и во австралиски и канадски долари, како и во норвешки и шведски круни. Оваа практика стана поизразена пред три години откако се засили кризата во Еврозоната.

Инаку девизните резерви ја гарантираат вредноста на денарот. И стојат на располагање на Народната Банка за регулирање на нерамнотежите во платниот биланс и на девизниот пазар.

Токму тоа пролетта кога поради шпекулациите за наводна девалвација почна засилено повелување на депозитите од банките и претворање на денарите во евра. Тогаш НБРМ директно интервенираше на девизниот пазар, но воведе и низа други мерки – зголемување на стапката на задолжителна резерва за обврски на банките со валутна клаузула од 20% на 50%, доведување на каматната стапка за девизните депозити што деловните банки ги имаат во централната банка од негативната зона до 0% како и зголемување на каматата за благајничките записи од 3.25% на 4%.

Во текот на 2015-та година девизните се намалија за 231 милион евра до сума од 2 милијарди и 254 милиони како резултат пред сè на отплати на доспеани кредити. Во 2014-та, пак, тие се зголемија за 484 милиони евра до сума од 2 милијарди и 432 милиони. И таа година растот се должеше на издадената еврообрзница.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП