29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБараат медицинска сестра, плата 3.500 евра

Бараат медицинска сестра, плата 3.500 евра

aaa

Богато семејство од Дубаи, преку хрватска агенција за вработување бара медицинска сестра која ќе работи во тој град.

Се наведува дека платата ќе изнесува нето 3.500 евра и ќе има платенно сместување.

Клиентот е приватно лице(угледна фамилија, медиски застапена во Дубаи) која во својот тим бара медицинска сестра за потребите на семејството.

Локацијата е Дубаи, но поради честите патувања во Европа се очекува да патува со тимот, пишува во огласот.

Поради разликите во културата и директен влез во семејството клиентот ислкучиво бара медицинската сестра да е женски пол.

Од потенцијалните кандидати се очекува да имаат завршено вишо или високо медицинско школо, лиценца за работа и минимум две години работно искуство. Се очекува и активно познавање на англиски јазик.

Договорот се склучува на една година, со нето плата од 3.500 евра и платено сместување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП