21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската размена на Русија и Кина надмина 40 млрд долари

Трговската размена на Русија и Кина надмина 40 млрд долари

%d1%80%d1%83%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b0

Рускиот премиер Дмитриј Медведев го изрази вчера задоволството по повод актуелното ниво на економската соработка на Русија и Кина, чија трговска размена, како што вели, оваа година надминала 40 милијарди долари.

„Ако зборуваме за трговскиот биланс, изгледа дека актуелната ситуација е релативно добра, и покрај фактот што минатата година е забележан извесен пад. Оваа година, трговската размена веќе надмина 40 милијарди долари“, изјави Медведев пред новинарите по состанокот со кинескиот премиер Ли Кечијанг, а пренесува руската агенција Тас.

Медведев додаде дека Москва и Пекинг ќе го зголемат уделот на националните валути во официјалните договори.

„Сметаме дека е многу важно за меѓусебната трговија да го зголемиме уелот на националните валути во официјалните договори. Ситуацијата се промени, јуанот стана резервна валута и официјално е признат од страна на клучните глобални финансиски институции, што обезбедува дополнителни можности“, порача Медведев.

Рускиот премиер, исто така, не ја отфрли можноста за воведување на преференцијален трговски режим со Кина, пренесува руската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП