28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВиолинистот Димчевски ќе настапи со Македонската филхармонија

Виолинистот Димчевски ќе настапи со Македонската филхармонија

dimcevski33

Во четврток, на 10-ти ноември, македонскиот и светски виолинист Ѓорѓи Димчевски ќе настапи како солист со Македонската филхармонија.

Димчевски е еден од најдобрите млади уметници денес, концерт мајстор на Оркестарот Валенсија, кој концертира во Палатата на уметностите во Софија, под водство на славниот Лорин Мазел.

На концертот , под диригентство на маестро Емил Табаков, тој ќе го изведе концертот за виолина бр 1 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

Димчевски има бројни настапи како солист во Европа и светот, а со Оркестарот на Валенсија настапува како концерт мајстор и изведува низа врвни дела под диригентската палка на диригентите Лорин Мазел, Зубин Мехта, Џорџ Претр , Валери Георгиев, Пласидо Доминго.

На програмата во четврток ќе биде изведена Симфонијата бр 1„Класична„ од Сергеј Прокофјев , како и Симфонијата бр 39 од В. А. Моцарт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП