3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран побара од купувачите неговата нафта да ја плаќаат со лекови и...

Иран побара од купувачите неговата нафта да ја плаќаат со лекови и храна

Öl aus Iran

Претседателот на Иранската национална нафтена компанија Ахмед Калабани на Саемот за нафта и гас во Техеран изјави дека Иран, по ембаргото од западните земји, не е во можност да наплати четири милијарди долари, повикувајќи ги купувачите наместо авансно, нафтата да ја платат со лекови, храна или друг вид на стоки.

Иранскиот министер за економија Шемсудин Хусеини во декември минатата година истакна дека ембаргото за извоз на стоки во странство ги намалил иранските приходи од нафта за дури 50 отсто.

ЕУ поради спорната нуклеарна програма на Иран во јули минатата година донесе низа санкции меѓу кои и забрана за увоз на нафта од Иран. Иранската економија се соочи со голем проблем при извозот, па мораше да го редуцира своето производство на нафта, кое е најголем извор на националните приходи.

Иран, кој во 2011 година се наоѓаше на второ место во светот според извозот на енергенсот меѓу членките на Организацита на земјите извознички на нафта (ОПЕК), моментално е на четвртата позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП