23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на НЛБ Банка со највисок раст од 9,99 отсто

Акцијата на НЛБ Банка со највисок раст од 9,99 отсто

mk-berza

По петочната објава на Неревидираниот биланс на успех за периодот од 01.01 до 30.09.2016 година, акцијата на НЛБ Банка порасна во понеделникот за 9,99 отсто и ја достигна вредноста од 8.643 денари, што воедно и беше статистичкиот лимит на денот на оваа акција. Беа истргувани вкупно 153 акции преку 12 трансакции.

Сепак, на прво место по прометот се најде акцијата на Лихнида Охрид (ЛХНД21), која инаку се истргува преку аукција со количество од 13.895 лотови по цена од 629 денари.

Во текот на денот се реализира и една блок трансакција во вредност од 5,143 милиони денари со акцијата на Скопски пазар АД Скопје.

Вкупниот промет изнесуваше 21.225 милиони денари реализиран преку 68 трансакции и истргувани вкупно 19.864 лотови.

Индексите МБИ-10 и ОМБ една спроти друга на скалата, МБИ10 забележа раст од 0,69 отсто отсто и заврши на 2.095,70 индексни поени, додека пак индексот ОМБ падна за 0,33 отсто и заврши со вредност од 126,72.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП