25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати групите на завршниот Мастерс

Познати групите на завршниот Мастерс

%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81

Енди Мари ќе игра во групата „Џон Мекинро“ на завршниот Мастерс во сезоната, додека Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи групата „Иван Лендл“.

Енди Мари, кој од понеделникот е светски рекет број 1 доби тешки ривали во групата во имињата на Стан Вавринка, Кеи Нишикори и Марин Чилиќ.

Од друга страна, Ѓоковиќ, во групата ќе игра против Милош Раониќ, Гаел Монсилс и Доминик Тим.

Завршниот Мастерс во Лондон ќе ја реши диолемата кој ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ може да се врати на врвот доколку во Лондон освои 200 бодови повеќе од новиот број 1, Мари.

Секоја победа во групата носи 200 поени, триумф во полуфиналето уште 400, а поеда во финалето вреди 500 бодови.

Ѓоковиќ Мастерсот во Лондон го освојувал пет пати, а од 2012 српскиот тенисер има четири титули во низа. По пет титули на завршниот Мастерс имаат уште само Иван Лендл и Пит Сампрас, додека најмног шест освоил Роџер Федерер.

Енди Мари досега нема триумф на завршниот Мастерс, кој годинава ќе се игра од 13. до 20.ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП