
Генерален штрајк на лекарите во јавните здравствени установи ќе започне во вторник во Словенија, потврди нивниот синдикат, откако во понеделник пропаднаа преговорите со владата.


Генерален штрајк на лекарите во јавните здравствени установи ќе започне во вторник во Словенија, потврди нивниот синдикат, откако во понеделник пропаднаа преговорите со владата.
Лекарите и стоматолозите здружени во синдикатот Фидес барат подобрување на работните услови и поголеми плати.
Во соопштението за јавност наведуваат дека во време на штрајкот ќе работат најмногу 40 часови неделни, но и натаму да се грижат за здравјето на пациентите и на итните случаи.
Штрајкувачите најавуваат дека штрајкот би можел да ескалира ако за две недели не биде постигнат договор со владата.