27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМузиката на Tоше Проески ќе се слуша на детската улица во Ново...

Музиката на Tоше Проески ќе се слуша на детската улица во Ново Лисиче

detska-ulica-so-fonta-tose-696x522

Песните на македонската музичка икона, Тоше Проески, ќе се слушаат секој ден од 10 до 22 часот на улицата што го носи неговото име во населбата Ново Лисиче.

Системот за озвучување, што ќе биде поставен по должина на улицата, е подарок од Здружението на Власи стопанственици на Македонија „Мандра“ за жителите на Општина Аеродром.

Имено, Советот на Општина Аеродром донесе одлука системот за озвучување да добива струја од истото место од каде што струја добива осветлувањето на фонтаната „Тоше Проески“, како дополнување на согласноста за целиот проект, која беше изгласана во јуни, годинава.

Јачината на звукот што ќе се емитува ќе биде прилагодена во рамките на граничните вредности на ниво на бучавата, утврдени согласно важечките законски прописи.

За поставување на системот за озвучување и емитување на музиката на Тоше, Здружението доби согласност од станарите на станбените згради кои гравитираат по
должина на детската улица „Тоше Проески“.

Исто така, поставувањето на опремата, натамошното одржување, како и сите потребни активности, ќе бидат финансирани и изведени од Здружението на Власи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП