11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ја додели наградата „Феникс“

Општина Центар ја додели наградата „Феникс“

feniks-nagradi-696x392

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со претседателот на Комисијата за доделување на годишната награда Феникс, Сашо Трпески, во категорија на поединци и на групи – творци, односно на ученици и студенти, им ја додели годишната награда на општина Центар, “Феникс“.

Наградата по 11-ти пат се доделува како знак на признание за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето и образованието, спортот, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

Градоначалникот Жерновски, честитајќи им на наградените, рече дека општината, Советот и тој како градоначалник, и понатаму ќе ги поттикнуваат најдобрите и ќе го ценат и вреднуваат нивниот труд.

„Ова се значајни достигнувања и ние Вашите дела и резултати ќе ги искористиме за подобрување на животот во Центар“, рече Жерновски.

Наградени поединци и групи – творци:
1. Ана Петреска за постигнување во хуманитарни активности
2. Бојан Митаноски за постигнување во планинарството

Наградени ученици и студенти:
1. Марко Стојаноски за постигнување во спортот – бокс
2. Михаела Зрмановска за постигнување во спорт – шах
3. Марио Арсенов за постигнување во спортот – футбал

Наградата за категоријата поединци и група на творци се состои од диплома и паричен износ од по 30.000 денари.

Наградата за категорија ученици и студенти се состои од диплома и паричен износ од по 25.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП