22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија засега не може да се откаже од Украина како главен транзит...

Русија засега не може да се откаже од Украина како главен транзит на гас

gasifikacija222

За првите 10 месеци од годинава украинскиот гасен оператор „Уктрансгаз“ пренесува 65,3 милијарди кубни метри природен гас од Русија кон Европа, соопштуваат од компанијата. Тоа претставува раст од 20 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Само во октомври транзитот преку Украина бил во износ од околу 8 милијарди кубни метри. Потрошувачката на гас во Европа се зголемува поради ниската цена на суровината.

Веќе со години Русија се обидува да го ограничи транзитот кон Европа преку територијата на Украина. Како главна причина за тоа Москва ја наведува лошата состојба на мрежата за пренос на гас во земјата, што го става под закана транзитот.

Аналитичари посочуваат дека причината Русија да го прекине транзитот во Украина е обид Киев да го држи во тензија. Земјата ќе загуби милијарди долари приходи од транзитните такси за гасот кон Европа.

Засега плановите на Русија да се откаже од Украина удираат на камен. „Газпром“ не успеа да реализира „Јужен поток“, кој требаше да пренесува 63 милијарди кубни метри гас годишно до Централна и Јужна Европа. Сериозни критики во Европа добиваат и плановите за проширување на гасоводот „Северен поток“ по дното на Балтичкото Море.

Засега Москва може и да успее да ја реализира својата идеја да испорачува гас директно за Турција – преку „Син поток“ и „Турски поток“.

Во трансбалканскиот нафтовод во Турција е 14 милијарди кубни метри гас годишно, а капацитетот на „Син поток“ е 16 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП