24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair пријави забавување на растот на профитот

Ryanair пријави забавување на растот на профитот

11647144815820637fc8901606545969_w640

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ пријави забавување на растот на профитот во првото полугодие поради слабеењето на фунтата кое беше предизвикано од Брегзит.

Нето профитот или заработката по оданочувањето изнесуваше 1,2 милијарди евра во шест месеци заклучно со септември, се наведува во деловните резултати на „Ryanair“, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа е за седум проценти повеќе во однос на добивката од 1,1 милијарди евра од истиот период во 2015 година, но голем пад во однос на 37-процентниот скок на профитот од првото полугодие во 2014 година.

Компанијата „Ryanair“, според изјавата на генералниот директор Мајкл Олириј, се соочувала со тешки пазарни услови, како што е негативното економско влијание на Брегзит поради кој фунтата значително ослаби во текот на летото.

Слабеењето на фунтата ја намалува заработката на „Ryanair“ остварена на клучниот британски пазар кога таа ќе се префрли во евра, наведува АФП.

„Ryanair“, како што известува Ројтерс, ја подигна и долгорочната проценка на растот на патниците за десет проценти, на 200 милиони патници годишно до 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП