20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина усвои закон за казнување компании поради box office измами

Кина усвои закон за казнување компании поради box office измами

china-box-office333

Кина се обидува да се справи со измами поврзани со филмски благајни (box office) во вториот по големина светски филмски пазар со воведување казни за компаниите кои фабрикуваат податоци за приходи од благајните и други податоци, објави агенцијата Associated Press.

Според законот усвоен од страна на кинескиот законодавен дом во понеделникот, на филмските дистрибутери и кина кои фалсификуваат податоци за продажба на билети ќе им бидат конфискувани нелегалните приходи, а исто така, ќе мора да платат казни до 500.000 јуани (74.000 американски долари).

Таквите дистрибутери и кина може да добијат наредба да прекинат со прикажување на филмот и со целиот процес, дури и да им се одземе лиценцата.

Кината и дистрибутерите во Кина беа обвинувани во минатото за фалсификување на приходите од благајните, обично со купување билети или мешање на приходите на еден филм со оние на друг.

Таквите активности може да го зајакнат профитот на филмот, што е доволно да привлече поголема публика, а ова претставува нелојална конкуренција, пренесува агенцијата AP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП