17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен романот „Првото второ доаѓање“ од Алексеј Слаповски

Објавен романот „Првото второ доаѓање“ од Алексеј Слаповски

knigic-356

Неодамна, издавачката куќа „Слово“ од Скопје, во едицијата „Сто словенски романи“, го објави романот „Првото второ доаѓање“ од Алексеј Слаповски, еден од најчитаните и најпреведуваните современи руски романи.

Алексеј Слаповски пишува романи, раскази, драми и сценарија за филмови. Неговите драми се играни на сцените на најважните европски и светски театри. Тој како писател не се огледува на литературната мода, не следи модели што ќе му повладуваат на вкусот на широката публика, се дистанцира од канонскиот реализам но и од посмодернистичките игри на цитати и стилови.

„Првото второ доаѓање’ е гротескна приказна за постсоветска Русија, за нејзините простодушни луѓе, луѓе желни за чуда. Тоа е хроника на малите луѓе на кои им се случило нешто натстварно и кои не се снашле баш најдобро како спасувани и спасители. Слаповски се игра со стереотипските слики што ги имаме за Русија и за руската книжевност. Новиот Исус, во овој роман, мора да вкуси и пијанство и меланхолија, да се соочи со верници и лудаци, и на крајот да страда за други. Познавачите пишуваат дека романот Првото второ доаѓање на Слаповски претставува студија на чудото, за тоа колку знае да биде гротескно потресна приказната кога тоа чудо ќе се сретне со наивноста и безверјето на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП