18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои држави консумираат најмногу електрична енергија?

Кои држави консумираат најмногу електрична енергија?

dalekovodi2900

Светските лидери ќе одржат во Маракаш самит за климата во ноември, а потрошувачката на енергија и јаглерод повторно ќе бидат меѓу главните теми на разговорите, соопштува „Daily Telegraph“.

Двата проблема се тесно поврзани – фосилните горива се извор на голем дел од енергијата во светот и придонесуваат за брзите климатски промени. Но кои земји консумираат најмногу енергија?

Одговорот може да ве изненади!

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Исланд користи најмногу енергија по глава на жител, потоа следат Норвешка и Бахреин. Во првите десет во ова рангирање се уште Катар, Канада, Кувајт, Финска, Луксембург, Шведска и САД.

Според податоците Хаити користи најмало количество електрична енергија, додека останатите се Јужен Судан, Нигер, Еритреја, Етиопија, Бенин, Танзанија, Демократска Република Конго, Непал и Никарагва.

„ИЕА“ не располага со податоци за некои земји, меѓу кои се Авганистан, Лаос и земји од суб-сахарска Африка.

Но, тоа е само едната страна на проблемот. Високата потрошувачка на електрична енергија не мора да значи високо производство на јаглерод диоксид. Некои од најголемите потрошувачи на електрична енергија се исто така едни од најголемите производители на зелена енергија. Пример за тоа е Исланд, која, освен како голем потрошувач, е исто така еден од водечките производители на геотермална енергија. Тоа значи дека голем дел од нејзината електрична енергија доаѓа од обновливи извори на енергија.

Катар произведува најголемо количество јаглерод диоксид по глава на жител, проследено со Кјурасао, Латвија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Тринидад и Тобаго, Малезија, Саудиска Арабија, Гватемала и САД.

Данска е категоричен победник меѓу земјите со ниско ниво на јаглерод. Таа произведува помалку јаглерод диоксид по глава на жител од која и да е друга земја во светот. Следат Финска, Нигерија, Естонија, Јужен Судан, Мјанмар, Танзанија, Замбија, Холандија и Того.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП