13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАGillan: Да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз!

Gillan: Да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз!

ian-gillan-696x487

Денес ќе се случи концертот на големиот Ian Gillan, со бендот на Don Airey и Македонската филхармонија во Скопје.

Иако важи за највпечатливиот вокал на сите времиња, Ian Gillan за концертот во Скопје нема некои специјални барања. Освен што звукот мора да е перфектен, единствено во неговата рајдер листа Gillan бара да има природни и свежо цедени сокови, многу вода и квалитетно вино.

„Со текот на годините, се навикнав да настапувам со бендови, но да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз и големо задоволство. Ова е навистина фасцинантна фузија и не знам дали и кога повторно би можела да се повтори, бидејќи на секој концерт настапувам со различни оркестри. Со Македонската филхармонија, на пример, ќе имам проба на денот на концертот“, вели Gillan.

Тој додава дека е среќен што ќе може да ги пее најголемите хитови на Deep Purple, но и песни што не биле изведени досега, како: „Razzle Dazzle“, „The Unwritten Law“, „Anya“, а исто така на репертоарот ќе се најдат и песни од неговата соло кариера.

Gillan на овој концерт ќе настапи со неговата ќерка Grace, која е пејачка во групата Papa Le Gal- бендот што ќе го отвори концертот во Скопје.

Само за потсетување, 90 отсто од капацитетот на Вип Арената е распродаден, останаа уште многу мал број на влезници, кои можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП