ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска во септември забележа најголем пад на невработеноста меѓу земјите во ЕУ

Хрватска во септември забележа најголем пад на невработеноста меѓу земјите во ЕУ

hrvatskavoeu1

Хрватска во месец септември имала најголем пад на стапката на невработеност на годишно ниво во ЕУ, се наведува во извештајот на Евростат.

Во Хрватска сезонски прилагодената стапка на невработеност, според методологијата на Меѓународната организација за труд, во септември се спуштила на 12,6 проценти од ревидираните 12,8 проценти во август, пренесуваат хрватските медиуми.

Првичната проценка на Еуростат за август, за стапката на невработеност изнесуваше 12,9 проценти, додека во септември минатата година таа изнесуваше 16,4 проценти.

И покрај тоа, Хрватска и понатаму е меѓу трите земји на ЕУ со највисока стапка на невработеност, меѓу кои прва е Грција со стапка од 23,2 проценти, како и Шпанија со 19,3 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП