Сакате коса како од рекламите: Рецептот е многу едноставен. Се што ви е потребно се банани, јајаца, мед и маслиново масло.
Состојки:
– банана
– едно јајце
– три лажици мед
– пет лажици маслиново масло
Подготовка:
Изгмечете ја бананата и додадете ги останатите состојки. Се добро измешајте, додека да добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на целата коса и оставете ја да отстои половина час. Потоа измијте ја косата со млака вода, па измијте ја со поблаг шампон и повторно измијте ја со млака вода.
Повторувајте ја постапката три пати неделно и вашата коса ќе блеска.