17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдолг пад на индексите на Волстрит во 36 години

Најдолг пад на индексите на Волстрит во 36 години

wall-stre-33

Главните берзански индекси во САД во петокот забележаа пад, што е нивно најдолго паѓање од 1980 година, благодарејќи на неизвесноста на претседателските избори во вторник и покрај позитивниот тренд на економските показатели.

Индексот Dow Jones се намали за 0,24 отсто, на 17.888 поени, индексот Nasdaq падна исто така за 0,24 проценти, на 5.046 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 2.085 индексни поени, и тоа е деветти ден со ред како тоне.

Американскиот претседателски избори ќе се одржат на 8-ми ноември, а на четири дена до нив продолжува да паѓа довербата во фаворитката Хилари Клинтон. Така, во анкетата на The Los Angeles Times кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп ја има поддршката од 47,5 отсто испитаници, а неговата противкандидатка од Демократската партија – Клинтон, ја поддржале 42,5 отсто. Сепак, повеќето други национални анкети покажуваат дека поранешната државна секретарка има минимална предност пред њујоршкиот магнат.

Пазарите, имено, ја преферираат Клинтон, бидејќи сметаат оти победата на Трамп ќе предизвика несигурност по прашањата за внатрешната, надворешната и економските политики.

Стапката на невработеноста во САД паднала во октомври на 4,9 отсто од септемвриските 5 проценти, а бројот на работните места во неземјоделските сектори на економијата се зголемил за 161.000, што е помалку отколку што очекуваа аналитичарите.

Трговскиот дефицит на САД во септември се намалил за 4 милијарди долари, или за 10 отсто во споредба со ревидираниот показател во август, и изнесувал 36,4 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа намалување на овој показател до 38,5 милијарди долари.

„Извештајот за вработувањата го потврди тековниот тренд, и тој е позитивен. Слабоста, за којашто сме сведоци последните неколку седмици, делумно се должи на одржувањето на изборите, што продолжува да ги вознемирува вложувачите, како и корекциите на високите рејтинзи и просечните приходи на компаниите“, вели за агенцијата MarketWatch Марис Ог, директор во „Tower Bridge Advisors“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП