23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакпетрол во фокус на инвеститорите

Макпетрол во фокус на инвеститорите

mk-berza354

Последниот трговски ден оваа седмица на берзата МСЕ заврши со вкупен промет од 24,6 милиони денари и вкупно 84 реализирани трансакции.

Дури четири блок трансакции беа реализирани со акцијата на Макпетрол, со што акцијата го зазеде приматот на хартија со највисок остварeн промет. Вкупно 362 лотови беа реализирани преку блок трансакциите додека на редовниот пазар беа истргувани уште 37 лотови. Просечната цена на акцијата во петокот изнесуваше 25.500,16 денари што претставува пад на вредноста на акцијата за 0,09 отсто.

Акцијата на Комерцијална Банка го задржа интересот на инвеститорите преку 3.190 истргувани акции и остварeн промет од 8,9 милиони денари.

Индексот МБИ10 во петокот забележа раст на вредноста од 0,16 отсто, додека ОМБ порасна за 0,28 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП