29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпадна невработеноста во Америка

Опадна невработеноста во Америка

nevrabotenost

Американските работодавци во месец октомври отвориле пристојни 161,000 нови работни места, а стапката на невработеност паднала на 4,9 проценти од 5,0 проценти во септември, соопшти денес американското Министерство за труд.

Просечната заработка минатиот месец пораснала за дури 10 центи, на просечни 25,92 долари, што е за 2,8 проценти повеќе во однос на истиот период мината година и најголемиот раст за седум години, пренесува американската агенција АП.

Министерството, исто така, ги ревидираше нагоре податоците за вработување за претходните два месеци, за вкупно 44,000 нови работни места, пренесува агенцијата Франс прес.

Стабилното вработување и ниската стапка на невработеноста, како што оценува АП, веројатно ќе извршат притисок на Американската управа за федерални резерви (ФЕД) во наредниот месец да ги зголеми каматите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП