
Лидерот на германската Христијанско-социјална унија(ЦСУ), сестринска партија на демохристијаните(ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека Европската унија(ЕУ) би требало да извлече заклучоци од нападите врз политичките противници во Турција и најавата на Анкара за враќање на смртната казна и да ги суспендира пристапните преговори на Турција за членство во ЕУ.

