10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо периодот јануари-септември извозот забележа раст од 6,1 %, а увозот 6,4%

Во периодот јануари-септември извозот забележа раст од 6,1 %, а увозот 6,4%

uvoz izvoz 200

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 195 857 543 илјади денари и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 274 167 433 илјади денари што е за 6.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 78 309 891 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2016, изнесува 71.4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-септември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 3 178 115 илјади евра, и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 448 647 илјади евра што е за 6.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 1 270 533 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 3 547 530 илјади САД долари и бележи пораст од 6.3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 969 477 илјади САД долари што е за 6.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 1 421 947 илјади САД долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП