29 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто кога работите во иста канцеларија со повеќе луѓе?

Што кога работите во иста канцеларија со повеќе луѓе?

3028117-poster-p-open-office_bmvblc

Во денешно време многу компании имаат канцеларии во кои работат повеќе луѓе. Тоа не е воопшто лесно и понекогаш може да доведе до конфликт. За да си го олесните работниот ден и својата работа да ја обавите на што подобар начин морате да знаете некои работи кои ќе ви помогнат во тоа.

Секој од вас има свое работно биро, па така и однесувајте се. Почитувајте го работниот простор на вашите колеги и никогаш немојте да ги вознемирувате додека работат. Понекогаш луѓето не се расположени за дружење и зборување, па разговорот оставете го за паузата.

За да не им пречите на колегите со телефонските повици трудете се што потивко да разговарате, а приватните разговори водете ги надвор од канеларија. Доколку не можете да се концентрирате на работата поради приказните кои се неизбежни кога сте во канцеларија со повеќе луѓе, набавете си чепчиња за уши или слушалки и на тој начин обезбедете си ја приватноста.

Исто така, еден од проблемите може да биде и воздухот во просторијата. На некој му пречи климата, на некој му пречи отворениот прозор, а на некој топлината. Настојувајте да бидете флексибилни и да се обидете со колегите да се договорите околу температурата во канцеларијата.

Сите овие нешта е подобро да ги спречите отколку да ги лечите. Ако не сакате поради овие работи да бидете со колегите во лоши односи настојувајте да разговарате и да најдете компромисни решенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП