26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks објави рекорден годишен профит

Starbucks објави рекорден годишен профит

LIFESTYLE-US-STARBUCKS

Starbucks“, најголемиот синџир на кафетерии во светот, објави рекордно висок годишен профит, пренесува британски BBC.

Компанијата направила оперативен приход од речиси 4.2 милијарди долари годинава сметано до 2-ри октомври, зголемување од 16 отсто во однос на претходната година.

Ова главно се должи на добрите резултати на нејзиниот најголем пазар, Америка, каде што нето продажбата се зголемила за 11 проценти.

Меѓутоа, во четвртото тримесечје од финансиската година, глобалната продажба на постоечките продавници се зголемила за само 4 отсто.

Најбрз раст е забележан во регионот на Кина и Азија Пацифик, каде компанијата остварила раст од 23 проценти оваа година.

Извршниот директор на „Starbucks“, Хауард Шулц, изјави дека кинеските продавници биле ефикасни и профитабилни.

Шулц изјави експанзијата во Кина ќе обезбеди иднина „во децениите што доаѓаат“.

Минатиот месец „Starbucks“ ги објави плановите за двојно повеќе од своите продавници во Кина до пет илјади до 2021 година.

Шулц, кој со години предупредува на “сеизмичка промена на потрошувачкиот сообраќај”, рече дека популарноста на онлајн шопинг е држење на луѓето дома и далеку од главните трговски улици или центри.

Во Европа, Блискиот Исток и Африка, продажбата падна за 1 отсто во текот на четвртиот квартал, додека во Кина и Азија Пацифик, продажбата порасна за 1 отсто.

„Starbucks“ работи со 25.085 продавници во 75 земји во светот, со 690 ново-отворени во последниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП