26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook расте незапирливо

Facebook расте незапирливо

580827075581b2ed06d301109349117_w640

Профитот на американската социјална мрежа Facebook е значително зголемен во третиот квартал, благодарение на солидниот раст на приходите во областа на мобилното огласување.

Добивката на Facebook во тој квартал скокна за 66 проценти, на 2,4 милијарди долари, благодарение на растот на приходите на 7,0 милијади долари од 4,5 милијарди долари во истиот период минатата година, се наведува во деловните резултати на компанијата, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Имавме уште еден добар квартал“, се наведува во соопштението на коосновачите и генералниот директор на компанијата Марк Цукерберг.

Бројот на дневно активни корисници во тој квартал порасна за 17 проценти, на 1,18 милијарди во однос на истиот период минатата година, додека бројот на месечно активните корисници е зголемен за 16 проценти, на 1,79 милијарди.

Бројот на месечно активните корисници, кои пристапуваат на Facebook од мобилните уреди, порасна за 20 проценти, на 1,66 милиони.

Приходите од мобилното огласување изнесуваа речиси 84 проценти од вкупните приходи од огласувањето во тој квартал, што е пораст во однос на 74 проценти од истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП