18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј ќе го увери Јункер дека одлуката на судот нема да попречи...

Меј ќе го увери Јункер дека одлуката на судот нема да попречи на планот за напуштање на ЕУ

tereza-mej-i-zan-klod-junker

Британската премиерка Тереза Меј се очекува да му каже на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дека планот за напуштање на Европската унија нема да биде попречен од пресудата на Високиот суд во врска со членот 50 од Лисабонскиот договор.

Тројца судии ја отфрлија можноста премиерката Тереза Меј да може да се повика на членот 50 за да се започнат официјални преговори за излез од ЕУ без одобрување од парламентот.

Но, извори блиски до владата изјавија за BBC дека премиерката ќе го увери претседателот на Европската комисија дека таа сѐ уште има намера да го започне процесот во март.

Врховниот суд се очекува да ја ислуша жалбата на владата следниот месец.

Иако многу пратеници прифаќаат дека Brexit (излез од ЕУ) ќе се случи, пресудата на Високиот суд ја отвора вратата за можна дебата за тоа како како би изгледал излезот на Велика Британија од унијата.

Конзервативната лејди Виткрофт изјави за програмата на радиото BBC дека е подготвена да поднесе амандман на членот 50 за одложување на процесот Brexit со цел да се овозможи повеќе време за дебата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП