3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорупцијата во ЕУ изнесува 323 милијарди евра

Корупцијата во ЕУ изнесува 323 милијарди евра

korupcija

Членките на Европската унија, корупцијата ги чинеше 323 милијарди евра годишно или три пати повеќе отколку што претходно се проценуваше, покажува новиот извештај со кој е нарушен имиџот на Европа, како предводник во борбата за корупција.

Проценетата цена за корупцијата е на ниво од речиси една третина од предложениот буџет на ЕУ за 2014-2020 година, а со истражувањето се поставува прашањето дали членството на ЕУ допринесува за намалување на корупцијата.

Извештајот укажува и на врската меѓу корупцијата и буџетскиот дефицит во ЕУ, особено во Грција и Италија. Стапката на корупција е пресметана така што Данска, која е најмалку корумпирана земја во ЕУ, е земена како референтна точка за проценка на вкупната загуба на Унијата.

„Скандалозно е тоа што бројките се многу повисоки отколку што претходно се мислеше“, изјави член на комисијата за буџет на Европскиот парламент Јенс Гајер. Тој изјави дека новите податоци покажуваат дека корупцијата и измамата се голем проблем на ЕУ.

Како што е наведено во извештајот, еден од најважните последици од корупцијата се економските проблеми кои се поврзани со ниската наплата на даноци и високиот буџетски дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП