13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната отвори 101.000 нови работни места, но разликите меѓу земјите се огромни

Еврозоната отвори 101.000 нови работни места, но разликите меѓу земјите се огромни

504021546581b5aa2ef500127255372_w640

Бројот на невработени лица во 19-те земји членки на еврозоната е намален во месец септември за 101,000 на 16,8 милиони, покажуваат официјалните податоци.

Статистичката агенција на Европската унија Еуростат наведе дека стапката на невработеност во септември останала непроменета во однос на претходниот месец и изнесувала 10 проценти.

Падот на бројот на невработени сепак е позитивен знак. Невработеноста во земјите од еврозоната опаѓа со бавно темпо во последните две години со огромни разлики меѓу одделни земји, од 4,1 проценти колку што изнесува невработеноста во Германија до 19,3 проценти во Шпанија и 23,2 проценти во Грција.

Земјите од еврозоната бележат умерено економско закрепнување поттикнато со растот на најголемата економија, Германија, и низата мерки за поттикнување на Европската централна банка. Економската активност во еврозоната пораснала за 0,3 проценти во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП