На Македонската берза во четврокот беа реализирани две блок трансакции со акцијата на Макпетрол по цена од 25.251,00 денари по акција, со што се реализираа 80 акции.
На регуларниот пазар беа истргувани уште 22 акции. Уште една блок трансакција беше реализирана, и тоа со Скопски Пазар (347 акции по цена од 2.982,00 денари по акција).
Слично како и во средата, и денес Комерцијална Бакна повторно во фокусот на инвеститорите преку 5.055 истргувани акции по просечна цена од 2.770,32 денари што претставува нов пад на вредноста на акцијата (-1,21 отсто). Вкупниот промет со оваа акција изнесуваше 14 милиони денари. Со тоа акцијата ја предводеше листата на хартии со најголем реализиран промет.
Помеѓу милионерите се најдоа акциите на Макпетрол (2,6 милиони денари), Стопанска Банка Скопје (1,4 милиони денари), НЛБ Банка (1,3 милиони денари) и акцијата на Скопски пазар (1 милион денари).
На Мaкедонската Берза за хартии од вредност повеќе компании ги објавија своите деветмесечни неревидирани финансиски извештаи меѓу кои и Алкалоид АД Скопје и Макстил АД Скопје.
Индексот МБИ10 вчера забележа пад на вредноста од 0,25 отсто додека ОМБ остана непроменет.