9 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW продаде 100.000 електрични возила

BMW продаде 100.000 електрични возила

godis3e

Компанијата „BMW“ ја прослави третата годишнина на својата „зелена“ поделба „BMW i“. За овој период баварците продале во целиот свет повеќе од 100.000 возила со електричен енергетски агрегати.

Бестселерот меѓу нив е електричниот „хечбек i3“, чиј резултат надминува 60.000 единици. Моделот се нуди како во целосно електрична варијанта, така и со дополнителен 2-цилиндричен бензински агрегат, кој се користи за полнење на акумулаторите. Неодамна хечбекот доби нова батерија, благодарение на која километражата со едно полнење скокна од 180 километри на околу 300 километри.

Хибридното купе „BMW i8“ е управувано од агрегат, во кој влегуваат 1,5-литарски бензински турбодвигател и електричен мотор. Неговата продажба надмина 10.000 примероци. Уште 30.000 продажби отпаѓаат на другите возила од „iPerformance“. Тоа се хибриди, изградени врз основа на стандардни модели – седаните „740Le xDrive“ и „330e“, кросоверите „X5 xDrive40e“ и „X1 xDrive25Ле“, и компактниот „225xe“.

Само пред неколку дена „BMW Group“ го претстави хибридниот „MINI Cooper S E Countryman ALL4“. Во 2018-та година претстои излегувањето на „BMW i8 Roadstar“, а една година подоцна ќе се појави и електричен автомобил од брендот „MINI“. За 2020-та година е предвидено излегувањето на електричниот „X3“, а за 2021-ва на кросовер „i5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП