Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Регионалниот патен правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, поради изведување на градежно – асфалтерски работи, до сабота, ќе биде затворена за сообраќај за сите видови на возила.
На магистралниот пат Р-1202 Маврово – Дебар, на Мелнички мост, до понеделник, поради изведување работи на пат сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Од АМСМ со предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.