16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританска влада: Одлуката на судот нема да го попречи процесот за Brexit

Британска влада: Одлуката на судот нема да го попречи процесот за Brexit

tereza-mej-prst

Британската влада и натаму има намера да ја започне процедурата за раздружување со Европската унија до крајот на март 2017 година и не верува дека судската одлука со којашто претходно во четвртокот се бараше изјаснување на парламентот тоа може да го промени, соопшти во четвртокот портпаролката на премиерката Тереза Меј.

Англискиот Висок суд претходно во четвртокот пресуди дека британскиот парламент мора да гласа за тоа дали владата во Лондон ќе ја покрене постапката за излегување од Европската унија, што значи дека владата не може самата да ја покрене процедурата според членот 50 од Лисабонскиот договор, односно да ги започне официјалните преговори со Брисел.

„Нашиот план до крајот на март да го активираме членот 50 од Лисабонскиот договор и натаму стои немаме намера да дозволиме одлуката на судот да го измести нашиот распоред“, изјави портпаролката на британската премиерка Тереза Меј за новинарите.

Меј е упорна во тоа поради референдумот за британското излегување и овластувањата на министрите,пратениците не мора да гласаат, меѓутоа нејзините противници тога аргумент го сметаат за неуставен. Премиерката кон крајот на октомври изјави дека во парламентот ќе се расправа за плановите на владата, но не ја исклучи можноста за гласање за излегувањето од ЕУ.

Хилари Бен, опозициски лабуристички пратеник кој претседава со новоформираната комисија за излегувањето од ЕУ тогаш возврати дека е „непојмиво“ пратениците да не гласаат за конечниот договор за прекинувањето на врските меѓу Велика Британија и ЕУ.

Претседавачкиот судија на Високиот суд, Џон Томас, пресудата од четвртокот ја образложи со зборовите дека „најтемелната одредба од уставот на Обединетото Кралство е дека парламентот е суверен и оти може да донесе или да го поништи кој и да е закон кој сака“.

„Владата е разочарана од одлуката на Судот. Земјата гласаше за излегување од Унијата на референдумот којшто го одобри парламентот, Владата е решителна да го почитува резултатот од тој референдум“, изјави министерот за трговија Лиам Фокс.

По одлуката на Високиот суд, британската влада најави жалба, а портпаролката во повеќе наврати потврди дека премиерката Меј ќе продолжи да работи според веќе испланираниот редослед за покренување на преговорите околу условите за напуштање на ЕУ до крајот на март, која и официјално ќе го извести Брисел за намерата на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

Меј појаснува дека целиот процес бил јасен и пред референдумот одрежан на 23-ти јуни, односно дека владата ќе работи на имплементацијата на резултатите од гласањето служејќи се со историското „кралското исклучиво право“, кога министрите делуваат во името на монархијата, како и дека станува збор за „законски“ уставен аргумент.

Во теорија, парламентот би можел да го блокира истапувањето од ЕУ, но малку кој очекува таков исход имајќи предвид дека на споменатиот референдум повеќето Британци, 51,9 отсто „за“ и 48,1 отсто „против“, гласаа за излегување од Унијата.

Институциите на ЕУ и 27-те земји членки соопштија дека преговорите за условите за излегувањето, кои треба да траат две година, не можат да започнат сé додека не биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП