17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарските бизнисмени се запознаа со инвестициските можности и бизнис климата во Македонија

Швајцарските бизнисмени се запознаа со инвестициските можности и бизнис климата во Македонија

pesevski-zurich

Инвестициските можности и бизнис климата во Република Македонија беа презентирани на бизнис форум пред 50-ина сопственици и директори на реномирани швајцарски компании од повеќе стопански гранки.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски потенцираше дека Република Македонија, од повеќе релевантни и еминентни светски економски институции, е препознаена како земја со одлична бизнис клима и една од земјите коишто спроведуваат најголем број на реформи во насока на унапредување на условите за водење на бизнис.

По завршување на бизнис форумот, македонската делегација разговараше со неколку претставници од присутните компании. Швајцарските бизнисмени покажаа интерес за продлабочување на соработката и подготвеност да ја посетат земјата за евентуални инвестициски проекти во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП