27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackstone се откажа од превземањето на Dell

Blackstone се откажа од превземањето на Dell

dell

Приватниот инвестициски фонд „Blackstone Group“ се шпекулира дека најверојатно ја повлекол својата понуда за превземање на „Dell“.

Поточно, „Blackstone“ минатиот месец се вклучи во натпреварот за превземањето на „Dell“ со својата понуда со која и конкурираше на понудата на фондот „Silver Lake“ и „Michael Dell“ вредна 24.4 милијарди долари.

Според понудата на „Blackstone“, „Dell“ и натаму ќе останеше јавна компанија, односно неговите акции и во иднина ќе се наоѓаа на берзата, а на акционерите им беше понудена цена за откуп по акција од 14.25 долари или можност и натаму да останат акционери со можност да откупат уште акции со вредност од 14.25 долари.

Тогаш се шпекулираше дека „Blackstone“ го имале контактирано и поранешниот прв човек на „HP“, Марк Хурд за да ја предводи компанијата, нормално доколку нивната понуда за превземање на компанијата биде прифатена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП