18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките пензионери повторно излегоа на улиците поради намалувањето на пензиите

Грчките пензионери повторно излегоа на улиците поради намалувањето на пензиите

penzioneri-gr

Грчките пензионери излегоа на улиците во Атина во знак на протест против новиот бран од пензиски кратенки наметнати од владата како дел од пропишаните штедења од меѓународните кредитори, пишува „Ројтерс“.

Околу 3.000 пензионери извикуваа „лажговци!“ и протестираа пред Министерството за труд во главниот град, каде политичарите ги дефинираат причините за новите намалувања на пензиите.

„Тие (Владата) го изгореа нашиот живот. Ние сме изгорени од нивните срамни писма“, велат пензионерите.

Штрајкувачите се насочија и кон зградата на парламентот, извикувајќи „Вратете ги украдените пари“.

Премиерот Алексис Ципрас вети дека ќе стави крај на годините на штедење наметнати од кредиторите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, во замена на виталните спасувачки заеми.

Но, тој беше принуден да ја промени насоката за да ја задржи Грција во еврозоната, потпишувајќи ја третата спасувачка програма во јули, по што следеа уште кратенки и реформи.

Популарноста на неговата коалициска влада паѓа со месеци.

Засега уличните демонстрации не се масовни, но напнатоста е се поголема. Пензионерите се особено погодени, откако Грција потпиша за првиот спасувачки заем во 2010-та година, забележуваат агенциите.

„Нашиот животен стандард е под нулата“, вели 74-годишниот пензионер Јанис Сулиотис, цитиран од агенциите.

Вработените во приватниот сектор ќе одржат 24-часовен штрајк на 8-ми декември, објави најголемиот синдикат во средата. Се уште не јасно дали јавниот сектор ќе се приклучи на протестот.

Во понеделникот стана јасно дека Грција е пред финализирање на првиот преглед на спасувачката програма, откако работната група на Еврогрупата ја одобри финалната транша за земјата во износ од 2,8 милијарди евра.

Првиот дел од последната транша – во износ од 1,1 милијарди евра, беше одобрена од доверителите за време на нивниот состанок во почетокот на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП