23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов плоштад во Маџари

Нов плоштад во Маџари

madzari

Општина Гази Баба доби нов уреден простор за организирање на културни манифестации и дружење на граѓаните.

Пред киното Маџари површината од 600 м2 е уредена со павер елементи, изработена е бина, просторот е хортикултурно уреден, поставена е нова урбана опрема и дополнителна електрична инсталација. Во состав на плоштадот се изгради и нов паркинг простор со површина од 350м2.

Во уредување на плоштадот учествуваа општина Гази Баба и Град Скопје.
Изведувач на работите се фирмите Ју-Бај2 и Адра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП