
Бугарската индустрија за пиво, според истражувањето на меѓународниот „Reputation Institute“, зазема второ место во Европа.


Бугарската индустрија за пиво, според истражувањето на меѓународниот „Reputation Institute“, зазема второ место во Европа.
Според истражувањето, бугарската индустрија за пиво од можните 100 поени добила 73,7 поени и го зазема второто место зад Чешка, чии производители на пиво добиле 78,3 поени.
Трета е Полска со 73,2 поени, потоа следи Шпанија со 73,1 поени, Германија со 73 и Белгија со 72,3 поени.
Најслабо се рангирани пивските индустрии на Турција и Кипар.
Според истражувањето, Бугарија го зазела и второто место според квалитетот на пиво, веднаш зад Италија.
Во ЕУ минатата година произведени се повеќе од 356 милиони хектолитри пиво, што е за четири милиони хектолитри повеќе во однос на 2014 година.