4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите втори во Европа, ја покорија и Германија

Бугарите втори во Европа, ја покорија и Германија

1810787192581b1f94be1c8233849370_w640

Бугарската индустрија за пиво, според истражувањето на меѓународниот „Reputation Institute“, зазема второ место во Европа.

Според истражувањето, бугарската индустрија за пиво од можните 100 поени добила 73,7 поени и го зазема второто место зад Чешка, чии производители на пиво добиле 78,3 поени.

Трета е Полска со 73,2 поени, потоа следи Шпанија со 73,1 поени, Германија со 73 и Белгија со 72,3 поени.

Најслабо се рангирани пивските индустрии на Турција и Кипар.

Според истражувањето, Бугарија го зазела и второто место според квалитетот на пиво, веднаш зад Италија.

Во ЕУ минатата година произведени се повеќе од 356 милиони хектолитри пиво, што е за четири милиони хектолитри повеќе во однос на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП