7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија уште еднаш покажа: Сериозни сме

Русија уште еднаш покажа: Сериозни сме

rusija-moskva-russs

Руската економија закрепнува, и тоа најмногу благодарение на порастот на производството, покажува ПМИ индексот на производните активности, пишува Фајненшл Тајмс.

Според податоците на компанијата Маркит, ПМИ индексот за октомври бил 52,4, што е доста повеќе од 50,9 колку што беа предвидувањата на економистите и на највисоко ниво во последните четири години. Во септември ПМИ индексот изнесувал 51,1, што е исто така добар резултат по големата рецесија предизвикана со падот на цените на нафтата.

Пад на бројот на работни места

Сепак, она што не задоволува е вработувањето, руските компании го намалуваат бројот на вработени веќе четврти месец по ред, дури и покрај значајното зголемување на производството, се вели во извештајот на Маркит.

Најновите податоци поврзани за БДП, и тоа за вториот квартал, покажуваат дека руската економија и понатаму се намалува, малку побавно отколку што предвидоа руските власти, за само 0,6 проценти. Тоа е доста добро со оглед на тоа дека падот забележан во првите три месеци 2016 година бил 1,2 проценти.

Значителен пораст во производството

Самуел Агаси, економистот во Маркит вели дека стоковите производители известиле за значителен пораст во производството на нови нарачки, иако падот е сеуште оптеретен со слабата побарувачка од странство. Меѓутоа, охрабрувачки е растот на производството кој има изгледи да го одржи моменталното темпо.

Главен проблем е, истакнува Агаси, намалувањето на бројот на работни места. Смета и дека тој негативен тренд би требало да се запре со порастот на производството, па бројот на работни места во иднина би можел да расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП