3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит S&P 500 падна седми ден по ред

На Волстрит S&P 500 падна седми ден по ред

19976537-mmmain

На Волстрит во средата индексот S&P 500 падна седми ден по ред поради несигурноста во врска со претседателските избори во САД и можното зголемување на каматните стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) .

И на европските берзи цените на акциите во средата паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 1,04 отсто, на 6.845 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX се лизна за 1,47 проценти, на 10.370 поени, а парискиот индекс CAC се лизна за 1,24 отсто, на 4.414 индексни поени.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,43 отсто, на 17.959 поени, додека S&P 500 индексот се лизна за 0,65 проценти, на 2.097 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,93 отсто, на 5.105 индексни поени.

Со тоа S&P 500 индексот се лизна седми ден по ред, првпат по 7-ми јули годинава, и потона под нивото од 2.100 индексни поени.

По дводневната седница, челниците на Fed одлучија во средата да ги остават клучните каматни стапки непроменети, што и беше очекувано и од вложувачите и од аналитичарите.

Порачаа, исто така, дека економијата во САД фаќа замаец, како и дека бројот на новите работни места солидно се зголемува и дека се оптимистични по прашањето на растот на инфлацијата кон целените 2 отсто.

Одлуките и пораките на Fed главно се во согласност со очекувањата на вложувачите. Никој не очекуваше дека централната банка на САД ќе ги зголеми каматите уште сега, но сé по извесно е дека тоа ќе го стори во декември.

Челниците на Fed, во суштина, порачаа дека е можно зголемување на каматите во декември, доколку продолжи растот на економијата. „Оттаму, во пораките на Fed навистина нема ништо невообичаено. Пазарот сега е фокусиран на претседателските избори и техничките показатели“, велат од компанијата „Аlan B. Lancz & Associates“.

Вниманието на пазарот е последица од загриженоста на вложувачите во САД на 8-ми ноември. Анкетите покажуваат дека трката меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканскиот кандидат Доналд Трамп е сé понеизвесна откако FBI повторно ја отвори истрагата за тоа дали Клинтон како државна секретарка ја користела приватната електронска пошта за службена преписка и дали таа пошта содржи доверливи информации.

Пазарот ја преферира Клинтон, бидејќи смета оти победата на Трамп ќе предизвика несигурност по прашањата за внатрешната, надворешната и економските политики.

И во средата, како и ден претходно, најмногу паднаа цените на акциите во секторите на недвижнините, телекомуникациите и комуналиите, кои се најчувствителни на движењата на каматите. Остро паднаа, за 1 отсто, и цените на акциите во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цените на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП