23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го бара патот на „Турски поток“ кон Европа

Русија го бара патот на „Турски поток“ кон Европа

gas-335

За значителен потенцијал во односите во сферата на енергетиката меѓу Москва и Атина зборува рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на својата посета на грчкиот главен град, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Главната тема на средбите на Лавров со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, премиерот Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи на нашиот јужен сосед Никос Коѕиас се економската соработка меѓу двете земји, ситуацијата на Блискиот Исток, како и изнаоѓање на решение на кипарското прашање.

Според информациите на РИА Новости во наредните недели „Газпром“ ќе започне разговори со партнерите во проектот за гасоводот „Посејдон“ – Грција и Италија. На почетокот на годината руската компанија потпиша заедно со грчката „DEPA“ и италијанската „Edison“ за испорака на природен гас по дното на Црното Море преку територијата на трети страни до Грција, а оттаму и до Италија.

Се очекуваше дека решение за испорака „во трети земји“ ќе биде најдено за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Атина во мај. Тогаш „Турски поток“ беше длабоко замрзнат и коментарите беа дека опција за реализација на „Посејдон“ е оживување на „Јужен поток“.

На крајот на мај сепак Путин и Ципрас така и не успеаја да го најдат патот на гасот за овој гасовод. Сега токму „Турски поток“ може да бара решение како да достигне рускиот гас до Грција, а потоа и до Италија. Затоа не е исклучено и посетата на Лавров да е поврзана токму со ова прашање.

Во четврток и петок во Атина ќе се одржи заседание на руско-грчката меѓувладина комисија за економска соработка. За време на средбите ќе биде подигната и темата за енергетика, истакна Лавров по серијата од средби во грчката престолнина.

Прес службата на Кремљ пак ја прошири вчера веста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Матео Ренци. Тие разговараа за голем број актуелни прашања поврзани со соработката во различни области. Акцент во разговорот сепак биле перспективните заеднички проекти во областа на енергетиката, станува јасно од краткото соопштение на сајтот на рускиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП