13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThe Wall Street Journal ги намалува страниците, се закануваат откази

The Wall Street Journal ги намалува страниците, се закануваат откази

wall-street-journal-logo-741965

Американскиот дневен весник „The Wall Street Journal“ ќе дебитира на 14-ти ноември со нова верзија на своето печатено издание кое ќе има помалку рубрики.

Тоа го изјави главниот и одговорен уредник на весникот Џералд Бејкер пред вработените.

„Мораме да се преориентираме на креирање на печатено издание кое ќе се држи на цврсти финансиски темели во блиска иднина, додека истовремено нашите дигитални хоризонти продолжуваат да се шират“, напиша Бејкер во пораката до вработените, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Како што напоменав претходно, ќе мора за жал да дојде до укинување на некои позиции во тој процес“, додаде тој.

Како последица на тоа „The Wall Street Journal“ ќе има помалку страници, со помалку простор посветен за уметноста, културата и локалните вести, додека просторот посветен на бизнис вестите и финансиите ќе остане речиси еднаков.

„Сите весници се соочуваат со структурни промени“, напиша Бејкер во пораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП