7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза во „Матица“

Промоција на „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза во „Матица“

knigic-356

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, во четврток, во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

За најновотo дело на познатиот автор беседа ќе одржи проф. д-р Kристина Николовска, а извадоци од книгата ќе интерпретира Антонио Павловски.

Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко имe во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели. Доботник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП