7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународен франкофонски симпозиум на Филолошкиот факултет

Меѓународен франкофонски симпозиум на Филолошкиот факултет

%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%be%d0%b7%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

По повод 70 години од основањето, Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Скопје, организира Меѓународен симпозиум на тема „Истото, сличното и различното во јазикот, во книжевноста и во културата во франкофонските земји“, кој ќе се одржи во петок и во сабота (4 и 5 ноември) 2016 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје.

На симпозиумот ќе земат учество 56 учесници од 13 земји, кои ќе презентираат 51 реферат.

Симпозиумот има за цел да обедини, преку еден заеднички проект, истра­жувачи од различни области и средини околу прашањата за идентичностите, за сличностите и за различностите во јазиците, во книжевностите и во културите.

Транс­вер­залната оска која ги опфаќа сите други полиња на истражување е оската на јазикот, на книжевноста, на културата, како на француската, така и на франко­фонската.

Симпозиумот претставува арена во која истражувачите ќе се впрегнат да размислуваат од компаративна гледна точка за францускиот јазик и за франкофонските книжевности и култури и истите студиозно ќе ги споредуваат во однос на самите себе, од една страна, и/или во однос на јазиците, на книжевностите и на националните или регионал­ните култури во кои тие опстојуваат и со кои се во постојана заемна спрега, од друга страна.

Истражувањата допираат разни области од доменот на француските и на фран­ко­фонските унилатерални или повеќелатерални студии : лингвистика, глото­дидактика, на­ука за книжевноста, теорија на кул­турата, теорија на преведувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП