26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевиден бум во еврозоната

Невиден бум во еврозоната

14251661705819c8e54f932603669285_w640

Секторот за преработувачката индустрија во еврозоната го започна последниот овогодишен квартал со најголемиот раст на индексот на набавка за потребите на економијата (ПМИ) за речиси три години.

Компанијата Маркит, која ги објавува финансиските информации, соопшти денес дека индексот ПМИ во еврозната во октомври достигнал 53,5 поени во споредба со септемвриските 52,6 поени.

Кога тој показател е над 50, укажува на експанзија.

Маркит соопшти дека раст е забележан ширум еврозоната, освен во Грција.

Во резултатите на Маркит најмногу охрабрува растот на вработеноста, кој е на највисокото ниво од средината на 2011 година.

Претходно оваа недела објавените податоци покажаа дека во еврозоната во третиот квртал е заблежан економски раст од 0,3 проценти, што не е доволно добро за да придонесе за намалување на стапката на невработеност од 10,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП