18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо седми пат Фед не ги промени каматите

По седми пат Фед не ги промени каматите

usbank33

Американската централна банка ја остави меѓубанкарската камата на непроменето ниво во опсег од 0,25 до 0,50 проценти.

Без изненадување, пред гласањето за претседател на 8-ми ноември, Федералната комисија за отворениот пазар (FOMC) при Федералните резерви на САД (ФЕД) одлуката ја донеле со 8 гласа “за” и 2 “против”.

Против гласаа претседателот на ФЕД за Канзас Сити Естер Џорџ и Лорета Местер, претседателот на ФЕД за Кливленд. Тие настојувале за кревање на каматата за 25 базични поени. Ерик Розенгрен, претседател на ФЕД за Бостон, го сменил мислењето, приклучувајќи се кон мнозинството колеги.

Генерално банкарите имаат намера да ги почекаат понатамошни знаци за инфлација, а според документот, во кој се користат речиси истите зборови, како во претходниот, причините за зголемување на каматите се акумулира.

Аргументите за зголемување на каматата сепак се засилуваат, иако во коминикето ФЕД не дава сигнал за евентуално затегнување на кредитирањето во декември, но пак изразува вера дека инфлацијата ќе го забрза темпото, пренесува „Bloomberg“.

Пред да ја донесе одлуката, сепак, централната банка сака „да види уште неколку дополнителни докази дека САД се движи кон целосна вработеност и стабилни цени3. Со тоа ФЕД како ја омаловажува веројатноста за неодамнешна акција, бидејќи при претходното рочиште од септември се споменуваше за „дополнителен доказ“.

Непосредно пред крајот на седницата еврото поскапе во однос на доларот во позадина на несигурноста околу претседателските избори во САД.

Голем број експерти очекуваат американската централна банка да ја заостри монетарната политика во средината на декември, откако поминат претстојните наредната недела се претседателски избори.

Веројатноста за зголемување во декември, која ја мерат т.н. „Fed Fund Futures“, падна од 78% до 76%.

Потсетуваме дека во декември 2015-та година ФЕД ги зголеми каматите за прв пат од 10 години – со 25 базични поени. Оттогаш таа се двоуми да преземе ново зголемување, бидејќи постојано се појавуваат сомнежи за стабилноста на економскиот пораст, а во меѓувреме и одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ предизвика привремена несигурност.

Со ескалацијата на маил аферата на Хилари Клинтон во изминатите денови и САД предизборна битка стекна нова драматичност, поради што на финансиските пазари се зголеми и загриженоста за изборниот исход.

Традиционално, сепак американските централни банкари се воздржуваат од важни одлуки во пресрет на избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП