29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Мурат Јуксел, маркетинг директор на Рамстор Македонија

Интервју со Мурат Јуксел, маркетинг директор на Рамстор Македонија

ram

Денар: Рамстор маркетите се еден од лидерите во малопродажбата, постојано зголемувајќи ги стандардите во таа област. Дали би можеле да издвоите кои се тие деловни одлуки што се клучни за успехот?

На долг рок сакаме да бидеме меѓу првите три фирми за малопродажба со највисок промет во Македонија, а на краток рок најдобрата малопродажна фирма во Македонија. Зад нашиот успех стојат: задоволството на клиентите кое го постигнуваме со искуството за пазарување кое им го нудиме на нашите купувачи, задволството на вработените како и задоволството на добавувачите. Kлиентите, вработените и добавувачите се значаен дел на нашето работење и имаат голем удел во нашиот успех.

Од друга страна пак направивме одредени измени во моделот на работење во категориите на свежо овошје, зеленчук и месо. Сега нашите клиенти можат во секое време да најдат свежо овошје, зеленчук и месо на нашите полици. Сметам дека растот во прометот во овие категории ни овозможи да привлечеме нови муштерии.

Денар: Глобалната економска криза негативно влијаеше на економијата. Меѓутоа, речиси 11 години, Рамстор маркетите во Македонија постигнуваат одлични деловни резултати. Ќе го споделите со нас рецептот за успех?

Економската криза доведе до негативна инфлација во државата. Ова значи дека многу производи сега се продаваат за пониска цена во споредба со минатата година. Доколку ја погледнеме инфлацијата на Рамстор можеме да видиме дека истата е под онаа на државно ниво. Благодарение на проектите за оперативна ефикасност кои ги спроведе Рамстор голем број на производи беа ставени во продажба по пониски цени во споредба со конкуренцијата, без притоа да се намали квалитетот на истите. На овој начин нашите купувачи не ја почуствуваа кризата.

Од друга страна гледаме дека нашите муштерии се многу задоволни од активностите околу промоциите со поени  што ни донесе нови купувачи.

Сакаме постојано да ги информираме нашите купувачи за нашите активности и да бидеме во постојан контакт со нив и токму затоа сметам дека нашите инвестиции во маркетингот и рекламирањето имаат големо влијание врз нашиот успех.

Денар: Како се приспособувате на промените во бизнисот и кои се новите предизвици со кои се соочува Рамстор, имајќи ги в предвид високите очекувања на потрошувачите и сè посилната конкуренција?  

Најголемата тешкотија со која се соочуваме е се разбира економската криза и политичката неизвесност. Во ваква неизвесна средина блгодарение на Рамстор картичката имаме прилика редовно да ги анализираме очекувањата и навиките на купувачите. Врз основа на овие резултати донесуваме одлуки во однос на нашите стратегии за маркетинг, продажба и цени.

foto

Денар: Рамстор вработува повеќе од 600 лица и токму поради тоа е важен економски фактор во локалната заедница. Како ги избирате вашите вработени? Дали сте задоволни со понудата на работна сила во Македонија?

Во Рамстор јасно се дефинирани сите описи на работни места како и компетенциите и способностите кои ни се потребни за истите. Во оваа насока нашиот професионален персонал во одделот за човечки ресурси спроведува интервјуа за работа и ги вработува оние кои ги поседуваат компетенциите и вештините потребни за релевантното работно место. Работната сила во Македонија општо гледано е на задоволително  ниво за малопродажниот сектор.

Денар: Со вашите лојални потрошувачи оваа година заедно го прославувате јубилејот 11 години Рамстор во Македонија, креирајќи наградна игра со награден фонд над два милиони денари. Каков одзив има до сега и дали потрошувачите се задоволни и мотивирани да учествуваат?

Како што знаете во рамки на кампањата на еден купувач ќе му доделиме автомобил, а на 111 купувачи вредносни купони од 11.000 денари. Можам да кажам дека генерално подароците ги мотивираат купувачите и нивните ставови и реакции во однос на кампањата се позитивни. Бидејќи станува збор за кампања која ќе трае приближно 2 месеци, сметам дека во наредните недели ќе имаме попозитивни резултати. Рамстор секоја година во месец октомври/ноември ќе организира активности за наградување на своите купувачи во рамки на новогодишните прослави. На овој начин нашите новогодишни активности преминуваат во традиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП