
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.


Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
На магистралниот пат Р-1202 Маврово – Дебар, на Мелнички мост, поради изведување работи на пат сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента (наизменично) до понеделник 07.ноември.
На регионалниот патен правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, ќе биде затворена за сообраќај за сите видови на возила поради изведување на градежно – асфалтерски работи до сабота 05.ноември.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.