29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Комерцијална актуелна меѓу инвеститорите

Акцијата на Комерцијална актуелна меѓу инвеститорите

makedonska-berza

Комерцијална Банка во средата на Македонската берза беше повторно во фокусот на инвеститорите преку 3.309 истргувани акции по просечна цена од 2.804,38 денари. Акцијата забележа пад во вредноста од 0,10 отсто.

Вкупнo остварениот промет на берзата вчера изнесува 16.2 милиони денари, реализирани преку 82 трансакции

Тетекс АД Тетово ги објави неревидираните неконсолидирани финансиски извештаи за период од 01.01.2016 до 30.09.2016 година во кои е прикажана добивка од 38.4 милиони денари.

МБИ10 денес забележа пад на вредноста од 0,37 отсто додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП